телефонира св. и несв.

телефонира (св. и несв.)

Како да телефонираме кога во телефонската говорница нема телефон. Нема ништо дури, ни жици! Сѐ е кренато, сѐ е откорнато...
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Обично, во тоа време во кое телефонирав, беше дома.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Од ѕвездите и чуварот ноќен Гласот го обојува утрински Телефонирајќи здодевно И бесцелно за да го успори чекорот Оттргнувајќи го погледот од улицата Ја пресоблекува влажната кожа Ја везе со усвитениот знак на плотта И ја слуша песната на петелот Вивната во крвоскок до небеса
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Потоа се утеши со цигари завиткани во весник, што некои од болните ги изработуваа од догорчиња собрани од ѓубрето, зашто нејзината опсесија со пушењето стана толку силна како и првичната опсесија со телефонирањето.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Му телефонирав на професорот, веднаш честитајќи му на извонредниот критичарски усет и прекрасниот стил во неговата најнова книга која, патем речено, ја немав ни видено.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Италијанскиот народ ѝ телефонира на владата: - Дај си оставка или забрани ја олимпијадата.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Често телефонирав во Загреб.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Впрочем, и самата се изменив, повеќе не сакам да ми телефонираат од дома и да ми кажуваат страшни работи, на пример на Осиек дента паднале 500 гранати.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се телефонираше, се телеграфираше на сите страни. Се будеа раковидителите. Не сакаа да ја вознемируваат Федерацијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Стана и телефонира. Уште утредента настапи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Кога бев кон крајот на книгата, повеќе од некакво внатрешно задоволство, ѝ телефонирав на Мајка. Никој не ми одговараше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Следните денови им телефонираше по азбучен ред на сите што ги знаеше во Барселона.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеби ќе ја викнеше на помош и баба Цвета. Можеби ќе ѝ телефонираше на мама, на тато. Ќе ги вознемиреше на работа.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Телефонските компании живеат од мајки што им телефонираат на своите деца - луѓе што се запознаваат, што остануваат во контакт.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
На крајот го предупреди за чудната опсесија на Марија со телефонирањето. – Угодувајте ѝ – рече. – Не грижете се, докторе – рече Сатурн радосно. – Тоа ми е специјалност.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Откако шефот на тунискиот протокол на претседателот на Републиката ми ја соопшти радосната вест, веднаш му телефонирав на амбасадорот Мајевски. И тој сакал да ми телефонира да ми ја соопшти радосната вест
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Господе, немате баш секој ден шанса да им телефонирате на боговите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Телефонираше со денови. Ги употреби сите можни врски во Републиката, но предметот, со други парафи, веќе беше стигнал каде што треба.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Кога неговата животна сопатничка, познатата писателка Симон де Бовоар (Simone de Bauvoire) телефонирала во болницата неколку часови по земањето на дрогата и прашала како се „забавува“ Сартр, тој ѝ одговорил дека штотуку води загубена битка со дијаболична риба и дека има многу непријатни доживувања.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Матеј веднаш му телефонира на Гаврил во САД, а тој рече дека резервирал карта за првиот лет и дека ќе пристигне во Скопје следниот ден во четиринаесет часот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Повеќе